
Нутритивни вредности
Тежина | 500 g |
---|
ЗДРАВСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ
Во делот на ‘ржаната тортиља дознавме за силните бенефити на ‘ржаното брашно, дека ржта ви носи извор на магнезиум, железо, калиум, цинк, витамини од кои особено Е и Б витамините, растителни влакна и едноставно добивате пакетче здравје за вашето срце, кардиоваскуларен систем, дигестивен систем, ‘ржта има и состојки кои се борат против рак на дојка и го чуваат вашето здравје. Оброците кои содржат ‘рж и ‘ржано брашно ви даваат многу ситост и тоа спречува подоцнежно прејадување во текот на денот, тие ја стабилизираат енергијата и добивате правилно искористување на истата. Овие бенефити ни се мотивација да создаваме се повеќе ржани производи, па затоа ви нудиме и опција на мешано ‘ржан леб, да ја збогатите својата палета на различни здрави предлози кои ви ги нудиме, да го менувате вкусот и секогаш со нас да имате можност за здрав избор на вкусови!
Reviews ?>
There are no reviews yet.