Протеински Бургер Банс (Burger Buns)

0 out of 5

100ден

2/1 пакување 180 g

 

SKU: 001-12 Категорија: Готови продукти тагови: ,

Опис

СОСТАВ – Протеински микс (протеини од пченица, соја и лупин), парчиња од соја, ленено семе, семки од сончоглед, соино брашно, интегрално пченично брашно, пченични трици, диетални влакна од јаболко, сусам, сол, јачменово сладно брашно, емулгатор: соја лецитин, регулатор на киселост: натриум диацетат, сув квасец.

 

Нутритивни вредности

Тежина 100 g
Енергија:

1136.0 kJ / 270.0 kcal

Масти:

13.4 g
-од кои заситени: 1.8 g

Јаглехидрати:

5.9 g
-од кои шеќери: 1.9 g

Растителни влакна:

10.1 g

Протеини:

26.5 g

Сол (натриум x 2.5):

1.1 g

ЗДРАВСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ

Ако сакате здрав бургер, Burger Buns лепчињата се вистинскиот избор за вас!
Направете го својот бургер со протеинското богато лепче кое нема да ви предизвика подув, ќе ве засити неколку пати повеќе и без грижа на совест ќе си јадете здрав бургер! Ова лепче е одлично за на пат, на излет, пауза на работа, домашен оброк, вистинско заситување доколку доцните со главниот оброк за денот и многу други опции. Како и сите производи, така и Burger Buns се создадени за ваша практичност, за ваш здрав брз-оброк. Можете да си комбнирате за протеински стабилен оброк користејќи веганска плескавица, пилешко или мисиркино месо, риба, авокадо, наут и многу други опции. Можете да ги ставите јаглехидратите измеѓу лебот, бидејќи тие не се во самиот леб, така што слободно комбинирајте со варена пченка, со морков и ротквички, со златна мешавина, зависно од вашите фитнес и здравствени потреби.

Овој бургер-леб нуди милион опции за сите кои сакаат да се хранат здраво, да бидат витални, сити и да ја одржуваат својата телесна тежина. Одличен избор и за сите наши спортисти како пред и пост вежбовен оброк без грижа на совест, одличен избор како бургер и за сите дијабетичари поради нискиот гликемиски индекс, комбинацијата на протеините од семките и гравот кои го стабилизираат искористувањето на шеќерот од организмот и без никакви проблеми може да го консумирате во било кој дел од денот. Останате сити со изобилството растителни влакна, јадете нутритивно богата храна преку минералите и витамините од сите семки што ги содржи лебот во својот микс и бидете мотивирани со вакви здрави лепчиња да комбинирате уште поздрави намирници! 

Reviews ?>

There are no reviews yet.

Be the first to review “Протеински Бургер Банс (Burger Buns)”