
Нутритивни вредности
Тежина | 100 g |
---|---|
Енергија: | 1052.0 kJ / 250.63 kcal |
Масти: | 3.45 g |
Јаглeхидрати: | 28.8 g |
Диетални влакна | 4.44 g |
Протеини: | 23.09 g |
Сол (содиум х 2,5) | 1.75 g |
ЗДРАВСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ
Овие тост лепчиња се совршени за вашиот on-the-go оброк! Кога одите на работа или на излет се одличен избор за поволен доручек или закуска во текот на вашиот ден. Решение и за вашите деца кога ги спремате за на школо или излет. Може да се комбинираат со декорации на зеленчук и сите омилени здрави намази, а може да се направи и обилен оброк кој ќе ве држи сити подолго време.
Протеински тост леб е изборот кој ќе ви служи како нов вкус на леб, ќе ви даде варијации на вкусови и уште еден различен и креативен оброк во денот.
Голема предност е здравствениот аспект на нашиот Тост – леб , a тоа се растителните извори на протеини од семки од тиква и семки од сончоглед и растителните влакна кои се покажало дека држат ситост подолго време.
Вие избирате што ќе ставите врз овие вкусни лепчиња, но секако ние ви предлагаме здрави намирници меѓу кои домати, краставички, маслинки, варено јајце, авокадо, рендан морков или зелка, печено парче стек, одлична е и комбинацијата со туна, ротквичка и рукола.. се разбира и слатките варијанти не се изоставени како јаткаст путер со вашето омилено шумско овошје! Милион здрави избори, милион здрави комбинации!
Reviews ?>
There are no reviews yet.