Протеински чипс

0 out of 5

90ден

1 пакување 100 g.

 

SKU: 001-13-1 Категорија: Готови продукти тагови: , ,

Опис

СОСТАВ  – Original Protein Crackermix

 

Нутритивни вредности

Тежина 100 g
Енергија:

1968.0 kJ / 470.0 kcal

Масти:

28.0 g
-од кои заситени: 4.9 g

Јаглехидрати:

21.4 g
-од кои шеќери: 4.0 g

Диетални влакна:

13.1 g

Протеини:

27.0 g

Сол (натриум x 2.5):

1.0 g

ЗДРАВСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ

 Сличен на Протеинскиот крекер но во една полесна и помека верзија на крцкав неодолив печен (не пржен) чипс незаменлив како грицки за на работа, за во парк, за во школо, за со друштво, за на кино, прилагоден за секаде, вкусен и weightloss-friendly!

Може да го користите за доручек како замена за леб, за ужинка on-the-go или на вашето работно место и понекогаш како вечера изронет во омилената зеленчукова салата!
Добивате мноштво на здравствени бенефити преку семенките од сончоглед, лененото семе и овесните снегулки, пропратено со  диетални влакна.

Сончогледот ги содржи витамините Б и Е, минералите цинк, магнезиум, железо, селен, калиум…и низа на амино киселини кои додаваат одличен растителен протеински внес преку чипсот. Научните студии го посочуваат лененото семе како борец против високиот холестерол, здрава простата кај мажите, добар избор за жени поради богатството на фолна киселина и поволно дејство при симптоми на менопауза и за сите кои не се големи љубителни на внес на морска храна, тука е лененото семе кое може да служи како дополнителен извор на омега-3 масни киселини. Овесните снегулки како јагода на шлагот во протеинскот чипс ги надополнуваат здравствените бенефити преку нивниот добар нутритивен профил, а воедно низок калориски внес. Студиите покажале дека овесните снегулки  се исто така борци против високиот холестерол, одлично пакетче на витамини и минерали и заедно со лененото семе и сончогледот вие всушност добивате сосотојки кои заситуваат многу брзо, даваат ситост за подолго време и со тоа индиректно влијаеете врз регулација на  телесната тежина. Да не забораваме дека витаминот Е и корисните масни киселини пропратени со минералите во овие семиња се според истражувањата еден од најдобрите избори за одржување на мазна кожа и борба против многу кожни иритации и воспаленија.

 

Reviews ?>

There are no reviews yet.

Be the first to review “Протеински чипс”