

Тежина | 100 g |
---|---|
Енергија: | 992.91 кј / 236.25 kcal |
Масти: | 1.88 g |
Јаглехидрати: | 47.33 g |
Растителни влакна: | 10.72 g |
Протеини: | 10.6 g |
Сол (натриум х 2.5): | 1.7 g |
Како што може да прочитате во делот на здравствени бенефити за ‘Ржана тортиља, преку бројни научни студии истражувавме за ‘ржта и дознавме за силните бенефити на ‘ржаното брашно, односно за тоа дека ‘ржта се смета за одличен извор на магнезиум, железо, калиум, цинк, витамини од кои особено Е и Б витамините и растителни влакна. Преку консумирање на ‘ржано брашно едноставно добивате пакетче здравје кое според многу истражувања се покажало дека поволно влијае на здравјето на срцето, кардиоваскуларниот систем, дигестивниот систем и состојки кои учествуваат во борбата против рак на дојка. Оброците кои содржат ‘рж и ‘ржано брашно Ви даваат многу ситост поради составот на растителните влакна и тоа спречува подоцнежно прејадување во текот на денот, така тие ја стабилизираат енергијата и добивате правилно искористување на истата.
Овие бенефити се мотивација за нашиот тим да создава се повеќе ‘ржани производи, па затоа Ви нудиме и опција на мешано ‘ржан леб, да ја збогатите својата палета на различни здрави предлози, да го менувате вкусот и секогаш со нас да имате можност за избор на вкусови!
Reviews ?>
There are no reviews yet.