Cool Roggenmax

0 out of 5

326ден

Концентрат кој се додава при производство на мешано ‘ржани и ‘ржани лебови. При работа со ‘ржани брашна ги намалува проблемите во процесот на  печење, дава подобар волумен, намалена ронливост, мека, влажна и ”софт’’ средина подолго време.

КОЛИЧИНА

ПОПУСТ

ЗАШТЕДА

3 кг

5%

35 ден.

5 кг

10%

116 ден.

SKU: 001-2 Категорија: Направи дома тагови: ,
Clear

Опис

Состојки: Пченичен глутен, сол, јачменово сладно брашно, средство за стабилизирање: гуар гума, ‘ржано брашно, глукоза, пченично брашно, пченичен скроб, емулгатори: диацетатни естри на винска киселина, моно и диглицериди и соин лецетин, регулатор на киселост: натриум диацетат, ензими, средство за третирање на брашна: аскоробинска киселина.

Нутритивни вредности

Тежина 1 g
енергија

1294.0kJ / 310.0 kcal

масти

5.7 g
-од кои заситени: 3.2 g

јагленохидрати

29.3 g
-од кои шеќери: 6.9 g

растителни влакна

7.7 g

протеини

31.0 g

сол (натриум х 2.5)

21.8 g

Kg

1kg, 3kg, 5kg

РЕЦЕПТУРА

‘Ржан леб 70%

 Состојки:
700 g ‘ржано брашно
300 g пченично брашно Т-400
120 g Cool Roggenmax
5 g ким (зачин)
30 g квасец свеж
700 g (+/-) вода млака
 Начин на работа:
Сите состојки добро се замесуваат до добивање на мазно и глатко тесто.Тестото се остава да стои на работна маса 30 минути покриено со најлон. Се дели на “топки“ од 470 g
 Обликуваните “топки“ се оставаат да стојат уште 10 мин, покриени со најлон.Се формира леб во форма на векна или округли. Се ставаат парчињата во подмачкан калап за печење, или во калап кој е обложен со хартија за печење.
 Рерната се загрева (80-100)*С, па се исклучува.
 Направените лебови кои се покриени со најлон, се ставаат во рерната на ферментација ( киснење).Ферментацијата на лебот трае околу 1 час …… ПРОВЕРЕТЕ!….. Со прст благо се притиснува на тестото. Доколку останува длабнатина во тестото , не се враќа тестото во првобитна положба, тоа значи дека ферментацијата е завршена и треба производот да оди на печење.
 Производите се вадат од рерната, па рерната се загрева на Т- 220*С
 Пред печење , производите се попрскуваат со пумпица за вода , можи да се посоли со микс од семенки или да се посоли преку цедалка со ‘ржано брашно. Се ставаат за печење во загреаната рерна.Времето на печење за леб е (+/-) 25 мин.
 По вадење од рерната, лебот се вади од плехот/калапите, се покрива со крпа и над крпата најлон.

Добар апетит!

‘Ржан леб 35%
 Состојки:
350 g ‘ржано брашно
650 g пченично брашно Т-400
100 g Cool Roggenmax
5 g ким (зачин)
30 g квасец свеж
700 g (+/-) вода млака
 Начин на работа:
Сите состојки добро се замесуваат до добивање на мазно и глатко тесто.Тестото се остава да стои на работна маса 30 минути покриено со најлон.Се дели на “топки“ од 470 g.
 Обликуваните “топки“ се оставаат да стојат уште 10 мин, покриени со најлон.Се формира леб во форма на векна или округли. Се ставаат парчињата во подмачкан калап за печење, или во калап кој е обложен со хартија за печење.
 Рерната се загрева (80-100)*С па се исклучува.
 Направените лебови кои се покриени со најлон, се ставаат во рерната на ферментација ( киснење).Ферментацијата на лебот трае околу 1 час…….ПРОВЕРЕТЕ!……Со прст благо се притиснува на тестото. Доколку останува длабнатина во тестото , не се враќа тестото во првобитна положба, тоа значи дек ферментацијата е завршена и треба производот да оди на печење.
 Производите се вадат од рерната, па рерната се загрева на Т- 220*С
 Пред печење , производите се попрскуваат со пумпица за вода , може да се додаде микс од семенки на површината или да се засече со нож.Се ставаат за печење во загреаната рерна.Времето на печење за леб е (+/-) 25 мин.
 По вадење од рерната, лебот се вади од плехот/калапите, се покрива со крпа и над крпата најлон.

Добар апетит!

Reviews ?>

There are no reviews yet.

Be the first to review “Cool Roggenmax”