

Тежина | 100 g |
---|---|
Енергија: | 1110.468 kJ / 264.4364 kcal |
Масти: | 4.55 g |
Јаглeхидрати: | 28.84 g |
Растителни влакна: | 5.1996 g |
Протеини: | 23.60 g |
Сол (содиум х 2,5) | 1.76 g |
Овие рамни лепчиња се совршени за вашиот on-the-go оброк! Кога одите на работа или на излет се одличен избор за здрав доручек или закуска во текот на вашиот ден. Решение и за вашите деца кога ги спремате за на школо или излет. Може да се комбинираат со декорации на зеленчук и сите омилени намази, а може да се направи и обилен оброк кој ќе ве држи сити подолго време.
Протеински рамен леб е изборот кој ќе ви служи како нов вкус на леб, кој ќе ви даде варијации на вкусови и уште еден различен и креативен оброк во вашиот ден.
Голема предност е здравствениот аспект на нашиот Flat Bread, a тоа се растителните извори на протеини од семки од тиква и семки од сончоглед, растителните влакна кои ќе ви држат ситост подолго време. Одличен избор за вашиот пред-вежбовен оброк, каде според функцијата на растителните влакна која ја покажуваат многу студии, се придонесува на балансирано искористување на внесениот шеќер во крвта, без нагли отскоци на истиот и стабилна физичка активност.
Вие избирате што ќе ставите врз Flat Bread, но секако ние ви предлагаме здрави намирници како домати, крставички, маслинки, варено јајце, авокадо, рендан морков или зелка, може печено парче стек, одлична е и комбинацијата со туна, ротквичка и руколаа.. се разбира и слатките варијанти не се изоставени како јаткаст путер со вашето омилено шумско овошје! Милион здрави избори, милион здрави комбинации!
Reviews ?>
There are no reviews yet.