Протеински вечерен леб

0 out of 5

96ден

1 пакување, 265 g

SKU: 001 Категорија: Готови продукти тагови: ,

Опис

СОСТАВ Протеински микс (протеини од пченица, соја и лупин), парчиња од соја, ленено семе, семки од сончоглед, соино брашно, интегрално пченично брашно, пченични трици, диетални влакна од јаболко, сусам, сол, јачменово сладно брашно, емулгатор: соја лецитин, регулатор на киселост: натриум диацетат, квасец.

 

Нутритивни вредности

Тежина 100 g
Енергија:

1136.0 kJ / 270.0 kcal

Масти:

13.4 g
-од кои заситени: 1.8 g

Јаглехидрати:

5.9 g
-од кои шеќери: 1.9 g

Растителни влакна:

10.1 g

Протеини:

26.5 g

Сол (натриум x 2.5):

1.1 g

ЗДРАВСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ

Поради својот вреден нутритивен состав, овој леб може да го комбинирате за доручек, ручек и вечера без грижа на совест за вашето здравје, ниту за вашиот дневен внес на калории.

– Протеински вечерен леб е вистинскиот избор за сите што сакаат здрав живот, регулација на телесната тежина, погоден за лицата со дијабетес и најдобриот леб за сите професионални и рекреативни спортисти како пред и пост вежбовен оброк во милион комбинации! 

– Пред се, овој леб содржи висока вредност на диетални влакна и тоа не само нерастворливи диетални влакна кои потекнуваат од житариците, туку и растворливи диетални влакна кои потекнуваат од додадените состојки како семиња, јаболкови влакна, лен, сончоглед и сл. Тоа е еден одличен нутритивен микс на состојки кои нудат бенефити за здравјето.


Растворливите диетални влакна учествуваат во намалување на апсорпцијата на масти и помагаат при регулацијата на телесната тежина, учествуваат во регулација и намалување на високите вредности на холестеролот во крвта и регулација на крвниот шеќер – гликозата, најмногу преку нивната улога која ја успорува дигестијата на дел од нутриентите, особено јаглехдратите, што овозможува директно да внесувате храна со низок гликемиски индекс која нема да ви предизвикува драстични варијации на гликозата во крвта и затоа овој леб има одлично влијание кај сите дијабетичари.

Преку овие бенефити, паралелно организмот придобива врз намалување на ризикот од кардиоваскуларни болети – преку намалување на холестеролот и шеќерот во крвта и контролата на телесната тежина.

Со внесот на растворливи диетални влакна вие ги храните и дел од вашите ‘’добри’’ цревни бактерии кои ферментираат во дебелото црево и го подобруваат вашето целокупно дигестивно здравје.

– Освен диеталните влакна Протеински вечерен леб е богат  и со растителните протеини кои се додадени само преку природни раститени извори и тоа интегралната пченица, гравот, семенките од лен, сончоглед, сојата, пченичните трици, сусамот. Сите намирници се пакет на нутритивни вредности кои се правилниот избор за оние кои сакаат да се хранат здраво, кои се грижат за својата телесна тежина и преку растителните извори на протеини и паралелно низок гликемиски индекс кој нема да прави нагли варијации на шеќерот во крвта, Протеински вечерен леб е одличен избор за сите спортисти! Може да го додадете во вашиот предвежбовен ручек, предвежбовна закуска и пост вежбовни реенергизирачки оборци.

Reviews ?>

There are no reviews yet.

Be the first to review “Протеински вечерен леб”

НАПОМЕНА

Поради измена во производствениот процес ,

моментално производите не се достапни за продажба.