Викторија Илиоска

Нутриционист; Контрола и квалитет

‘’ Со Форбак ДОО и Оливера Дукоска воспоставивме соработка преку реченицата: ‘’Ние можеме само да се надополнуваме! ‘’  Така почна и продолжи се, држејќи го овој став и градејќи меѓусебен мотивациски однос, нашата соработка оди се подлабоко во поврзување на технологијата на храната сo нутритивните вредности, контролата и квалитетот на палетата иновативни, функционални и здрави прехранбени суровини и производи.

Навлегувајќи се подлабоко во науката за нутриционизмот, во 2018 година ја oсновав и својата фирма, Центар за Нутриционистички услуги nutriVI club, каде моментално работам и дејствувам како нутриционист. Тоа само ги прошири нашите видици за проектите и напредокот во Форбак ДОО, особено преку проектот за создавање на брендот ‘’GoRobusta” каде непрестано се работи на потребите на клиентите за здрави прехранбени навики, балансирани оброци комбинирани со целозрнести и нутритивно богати пекарски производи, односно како што сами го опишавме овој проект: брзата храна добива нова-здрава димензија! ‘’

 

Образование:
Дипломиран Инжинер-Нутриционист Технолог ; ‘’СВ Климент Охридски” –  Велес, студии Битола.

 

Искуство:
‘’Радио МЕФФ’’  ; Водител и автор на утринска програма
А.Д “Жито Прилеп’’ ; Производство и развој на нутритивно-богати производи во соработка со прехранбен технолог
‘’Форбак’’ ДОО ; Контрола и квалитет, од 2017 год.
‘’ nutriVI club’’ ; Сопственик – основач, Нутриционист, од 2018 год.