ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Home / ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Форбак ДОО се обврзува да ја заштити приватноста на податоците, вклучувајќи ги и личните податоци на Потрошувачот и потврдува дека со нив ќе постапува во согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци. Доколку се регистрирате, сите лични податоци кои ги внесувате преку формата за регистрација ќе се користат за потребите за достава на производот, реализација на плаќањето како и за рекламирање на производи и услуги обезбедени од наша страна.

Вашето користење и/или регистрација на кој било дел од веб-сајтот значи дека ја прифаќате нашата Политика на приватност. Нашата политика за приватност може повремено да се менува без претходно известување. Вашето користење на сајтот подразбира дека ги прифаќате евентуалните измени на Политика за приватност. 

Услови и правила за купување

Цената на производите објавени на интернет страната се изразени во македонски денари и се со вклучен ДДВ и нема никакви скриени трошоци.

Го задржуваме правото за промена на објавените цени, во согласност со политиката на друштвото без претходно известување на корисниците. Промените на цените ќе важат за сите нарачки направени по стапување на сила на новите цени. Потрошувачот се обврзува да ја плати цената која е понудена во моментот на извршување на нарачката.

Сите попусти, промоции и специјални промотивни пакет производи ќе бидат посебно означени. Количините на производите се ограничени. Форбак ДОО Прилеп го задржува правото да одбие нарачка на производи чии количини се исцрпени и/или да ја одложи доставата на производи чии количини се исцрпени по претходно добиена согласност од страна на Потрошувачот. 

Потрошувачот може да одбере еден или повеќе производи, како и пакет на производи објавени на интернет страната но во вредност не помала од 600денари за нарачки надвор од територија на Прилеп.

После прием на потврдата на направената нарачка Потрошувачот не може да ја откаже истата. При евентуални технички проблеми со интернет страната, Форбак ДОО Прилеп има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обештетување.

Испорака и достава

Испораката и доставата на производите е 150 денари до 999 денари и е ограничена само на територијата на Р. Македонија.

Испораката и доставата на производите е бесплатна за нарачки над 999 денари. 

Испораката ја вршиме од нашите магацини во Прилеп додека доставата ја врши курирска служба. По конформирањето на нарачката, преку е-пошта ве известуваме за статусот на Вашата нарачка.

Вашата нарачка ќе ви биде доставена во рок од максимум 4-5 работни денови од моментот на примање на потврда дека Вашата нарачка е примена.

Обврзувачки потпис на купувачот

Кога карго службата ќе ви го достави производот/е задолжително е да Ви побара Ваш потпис. Доколку карго службата на првиот обид не Ве добие на впишаната адреса, правилото за испорака до максимум 4-5 работни денови прекинува во сила и производот би се доставил тогаш кога службата ќе успее да стапи во контакт со Вас.

За сите прашања поврзани во врска со испораката или можни проблеми со истата можете директно да не контактирате на нашата е-пошта: prodazba@gorobusta.com или на контакт телефон: 070 369-542.

Државни празници

Ве молиме имајте во предвид дека доколку нарачката е направена во период на државен празник и неработни денови утврдени со закон на Р.С. Македонија, Форбак ДОО го задржува правото на пролонгирање на денот на достава.

Поддршка на корисници

За било какви информации и прашања во врска со реализацијата на интернет продажба може да се јавите на телефонот 070 369 542 кој е достапен секој работен ден во периодот од 08 часот до 16 часот.

Услови и правила за враќање

Секој корисник е должен при превземање на производот/ите да направи проверка на усогласеноста на фискалната со доставената количина на производи-услуги. Доколку одреден производ недостасува од нарачката, Потрошувачот е должен веднаш да не информира на броевите за Поддршка на корисниците или на електронската адреса како би превземале мерки за отстранување на ненамерната грешка, во спротивно го губи правото подоцна да истакне рекламација за доставениот производ.

Во случај на неиспорака на потврдената нарачка од причини кои можат да се стават на товар на Потрошувачот (неточна, нецелосна адреса, неточен телефонски број за контакт), трошоците за транспорт паѓаат на товар на Потрошувачот.

Форбак ДОО Прилеп го задржува правото на измена и дополнување на Условите и правилата за враќање, без обврска за претходно известување на корисниците за евентуални промени.

ПОТРОШУВАЧОТ Е ЗАПОЗНАЕН И СОГЛАСЕН СО УСЛОВИТЕ И ПРАВИЛАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА, И СЕ ОБВРЗУВА ДА ГИ ПОЧИТУВА ВО ЦЕЛОСТ.